Ахмети ќе одлучи што со Мерко, но по „посета“ на амбасадата на САД

Во ДУИ се шокирани од одлуката на Стејт департментот, нивниот градоначалнмик со три мандати во Струга, Рамиз Мерко, да биде ставен на „црната листа“ на САД.



Високи извори од ДУИ за порталот lideri.mk. велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје.

По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијата градоначалник и нови избори во Струга или не, велат од ДУИ за порталот.

Ако Ахмети побара оставка од Мерко, а градоначалникот одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата.

„Во тој случај Мерко може да го продолжи мандатот како непартиски градоначалник“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку не го направи тоа доброволно.