Пратеничката група на бугарската партија „Прероидба“ (Вазраждане) повика на единство за важните национални прашања како што е прашањето за Република Македонија, вознемирена од резолуцијата на германскиот Бундестагот која поддржува членството на РСМ во ЕУ, но од Бугарија бара да не наметнува нови услови на Скопје.
Според претседателот на партијата Костадин Костадинов, сите партии во Бугарија знаеле што се подготвува, но ништо не направиле за тоа.
Тој се пофали дека од неговата партија разговарале со четвртата по големина сила во германскиот парламент – „Алтернатива за Германија“ и ги убедиле да не го поддржат документот.
Наведоа дека РСМ не е подготвен за влез во Европската унија, не е реформиран и не ги брани основните политички вредности.
„Останатите политички сили, пак, го кажаа спротивното“, вели Костадинов и порача дека секој кој се доживува како претставник на Бугарија, „нека го направи она што е потребно според неговите сили и можности за пропагирање на бугарската позиција“.






