Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва не очекува дека инстуитуциите ќе пореземат нешто против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој се најде на „црната листа на САД поради клорупција.
Во емисијата 24 Отворено, рече дека тоа е поразувачки и не е изненадување.
„Нема одговор од институциите и ќе нема, зошто во ниту една ситуација кога САД кажаа дека некој е ставен на црната листа заради корупција правна разрешница немаше, ниту истрага и преземени дејствија.
Трагично е што во сите такви ситуации отсуствува реакција на органите кои се должни тоа да ги истражат. Во неколку случаи имаме очигледен политички предмет и Обвинителството се прави блесаво и реагира само на допрен глас“, вели Давидовиќ.







