Иако се очекуваше граѓаните ќе добијат дневна евтина тарифа за струја од 1 јули, според информациите на Телма оваа поволност граѓаните ќе ја добијат од јули – идната година.
Телма неофицијално дознава дека не само што нема да има евтина днбевна тарифа, туку се очекува и „благо“ – едноцифрено покачување на цената на струјата.
Истовремено, ДДВ то за електричната енергија се враќа од 10 на 18%.
Каква цена ќе плаќат граѓаните во следните шест месеци најмногу ќе зависи од тоа колку ќе чини мегават час од државните електрани која во моментов изнесува 56 евра, јавува Телма..






