Во своето денешно прво соопштение СДСМ даде нова јавна понуда до ВМРО-ДПМНЕ во која партијата на Ковачевски сака да трампа некаков европски статус на опозицијата под услов Мицкоски да предложи преговарачки тим за уставни измени.
Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред два дена јасно кажа дека ја затвара темата уставни измени и било какви преговори ако СДСМ не прифати влезот на Бугарите да важи од влезот на Македонија во ЕУ и бркање на ДУИ од владата, СДСМ нуди друг вид на трговија кој според најавите од ВМРО-ДПМНЕ нема шанса да се случи.
Во првиот дел од соопштението СДСМ фрла ,,дрвја и камења” врз ВМРО-ДПМНЕ за веднаш потоа да даде понуда до Мицкоски.
,,Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се приклучат на европскиот блок, се што треба е откако беа прифатени сите нивни услови, да состават свој тим кој ќе учествува во процесот на носење на уставните измени”, стои во соопштението на СДСМ.
Целото соопштение на СДСМ




