Вработените од Управата за јавни приходи од 27 месецов планираат да започнат со генерален штрајк на работните места. Нема прибирање на даноци во државната каса, ниту исплата на плати за вработените во цела држава. Со тоа ќе се блокираат сите активности за граѓаните и фирмите. Синдикатот со последно предупредување до Министерството за финансии – решение за повисоки плати за 30 проценти да се најде во рок од една недела.

- – „Сето она што се поврзано со правата и обврските на бизнис секторот и на физичките лица, а треба да биде спроведено од страна на Управата за јавни приходи, ќе биде оневозможено. Тоа значи дека ќе дојдеме до прилично поголеми состојби на нарушување на функционирањето на општеството во целина. Сите оние кои ќе сакаат Управата за јавни приходи да постапи по нивни барања, поднесоци и други обврски и права, нема да може да се извршуваат бидејќи вработените во управата нема да ги извршуваат работните обврски“, изјави за „Алсат-м“ Васе Неденоски, Претседател на синдикатот.
Во меѓувреме и вработените во Царинската управа одлучуваат дали во следниот период ќе почнат со генерален штрајк на работните места што би значело и спуштање на рампите на граничните премини.
Од Министерството за финансии молчат. Не одговараат дали ќе најдат решение за барањата на вработените во овие институции. Револтот на вработените во јавниот сектор, особено во УЈП и Царината, ескалираше откако министерот Фатмир Бесими реши за 30% да ги зголеми само платите на вработените во ресорното министерство, но не и на институциите кои се под негова надлежност.





