„Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ од Амстердам има намера да стапи во стратешко партнерство со клиничката болница „Жан Митрев“ преку стекнување на контрола со купување мнозински удел.



Има заинтересирани за купување на Клиниката „Жан Митрев“

Холандскиот инвеститор е финансиска холдинг компанија која врши инвестиции во претпријатија кои вршат дејности поврзани со давање на здравствени услуги.

Приватна здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ врши дејности поврзани со давање на различни здравствени услуги на трети лица и тоа општа хирургија, кардиоваскуларна хирургија на деца и возрасни, ортопедија, интерна медицина, гинекологија и акушерство, урологија, детски болести/педијатрија, оториноларингологија, радиодијагностика, психијатрија, дерматовенерологија, неврологија, лабораторија и друго.