Кинезите попрво ќе се качат на Месечината, отколку да ја посетат Македонијa

Во првите три месеци од годинава, 81,191 странски туристи престојувале во Македонија. Тие оствариле 152,204 ноќевања кои ги направиле најмногу во Скопје и во објекти покрај македонските езера. Најбројни биле туристите од Турција, Србија, Грција и од другите земји од регионот, но имало и туристи од Нов Зеланд, Кореја, Јапонија и од Бразил.



Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот беше организатор на информативно патување за новинари и репортери од горенаведеното дневно шоу во период од 17 до 20 април. Нивниот интерес е да направат репортажа за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите.

Целта на ова патување е промоција на Република Македонија и главниот град Скопје како дестинации погодни за туристите од Велика Британија, а како предност се земаат новите чартери од Лондон и Манчестер до Охрид и редовната линија со „ВизАир“ од Скопје. ТУИ актив веќе имаат активна кампања за нашата дестинација и промоција на активните форми на туризам и посета на локалните, рурални предели и мали семејни винарници. Британската јавна телевизиска мрежа “ITV” има широк опфат на публика, на нивните социјални мрежи имаат значителен број на следбеници, милион следбеници на Инстаграм, 2,5 милион следбеници на Фејсбук, 2,5 милиони сабскрајбери на Јутјуб, потенцираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, кој за весникот ВЕЧЕР вели дека и покрај скромниот буџет на АППТ за 2023 година во соработка со Градот Скопје и ИМЕ програмата при Швајцарската амбасада се овозможи преставување на македонските туристички потенцијали на една од најгледаните утрински програми во Лондон.

Ако се прашувавте каде ли во последниве неколку години исчезнаа групите со туристи од Кина, кои со својата појава и љубопитство дополнително им даваа радост и тежина на туристичките знаменитости низ Македонија, одговорот нема баш да ви се допадне, оти причината е, ни помалку ни повеќе: административна.

Имено, и покрај тоа што туристите од Кина најавија враќање на Балканот по пандемските години, сепак тие се принудени да ја заобиколуваат земјава, бидејќи за да стапнат на македонско тло потребно е да извадат шенген виза за која треба да потрошат многу нерви и време.

уроператорите веќе подолго време маки мачат за да се изборат со проблемот со затворените граници на земјава, но, како што велат, нема никаква реакција од институциите за олеснување на постапката за влез на странски туристи.

Туристичките работници со коишто разговаравме велат дека државата не знае да си го искористи потенцијалот за патување на земјите со бројно население како што е Кина.