Од Министерството за образование и наука (МОН) најавуваат дека летово ќе ги тестираат новите софтвери за електронские дневници, за да можат да ги пуштат во употреба од идната учебна година.
„Со поддршка од ЕУ преку ИПА фондовите, уште лани започнавме процес на изработка на нов ЕМИС систем и нов електронски дневник. Тој процес е во напредна фаза, односно во текот на летниот период ќе се направи тестирање на новите софтверски решенија од страна на МОН, Бирото за развој на образованието (БРО), Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Државниот испитен центар (ДИЦ), наставници од училишта. Во план е системите на есен да бидат пуштени во употреба, со што очекуваме да се надминат проблемите кои се детектирани во старата хардверска и софтверска инфраструктура во изминатите години“,велат од во МОН за „Мета.
На немањето учебници „на хартија“се надоврза уште еден проблем, – наставвниците не можат да ги стават оценките на учениците:
„Error, 503 Service Unavailable“, внесени повеќе оценки а регистрирана само една, исфрлање од систем и повторно логирање, потешкотии во подготовката извештаи за успех и поведение“
Оваа се само дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците деновиве при внесот на податоци во електронските дневници. Пишани дневници веќе неколку години нема, па електронските се единственото место каде што се пишуваат сите содржини – оценки, изостаноци, дневни подготовки, извештаи од реализирани екскурзии и така натаму… пишува Независен.
Некои наставници велат дека во работно време има проблеми со најава во системот и со внесување податоци, но затоа полесно е за работа по полноќ, кога системот не е оптоварен со многу корисници.
Наставничка од Неготино, во телефонски разговор за Мета.мк кажа дека како што ги внела податоците за период од три недели, наеднаш ѝ ги снемало, односно не се зачувале.
„Не можеме да одржиме наставнички совет ако немаме внесено годишни оценки во е-дневникот. За да дадам извештај за моето одделение, мора да имам извадено среден успех на одделението.
А, како тоа да го направам, кога имам технички проблеми. Внесувам податоци во два часот по полноќ оти тогаш има повеќе шанси да се работи“, вели наставничката.
„И среде ноќ има проблеми и преку ден. Повеќето наставници успеваат да внесат оцени (со голема мака, чекање, исфрлање од систем, повторно логирање), но класните едвај си ја завршуваат обврската со изготвување на извештај за успех и поведение, бидејќи треба да листаат страни. А страните не се листаат“, гласи еден од коментарите.
„Е-дневникот во поголем дел од денот не функционира. Неправилно меморира внесени податоци, брише“, гласи друг коментар.







