Се намалува водостојот на реките, водате полека се повлекува, ама остава пуспош зад себе. Уништени посеви, оштетени патишта, револтитани граѓани. Ова е епилогот по големите поплави што ја зафатија Македонија. Тетовското село Раотинце се опоравува од надојдениот Вардар. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, во тетовскиот регион поплавени се подруми, дворови, како и обработливо земјиште.
Мештаните од источниот дел на земјава се разочарани од големите штети предизвикани од силното невреме, кое им ги опустоши домовите и нивите. Велат, оваа сезона нема да бидат употребливи оти е веќе доцна да се засадот со земјоделски култури, а периодов што следи се очекува и наезда од комарци.

- – „Проценката е дека има околу 150 хектари зафатена земјоделска површина со вода, но сигурно има многу повеќе. Ние пак ќе излеземе на терен и ќе оцениме колку има“, велат жителте.
Мештаните од другите населени места, повеќе од две децении чекаат регулација на коритата на реките, што значи изградба на потпорни ѕидови на најкритичните места каде реката се излева.

Во однос на соработката со другите земји за справување со поплави рече дека се во постојана комуникација со земјите од соседство, и тоа, според него, помага во вакви ситуации кога имаме и меѓугранични, меѓудржавни сливови.
- – Како што е на пример сливот со река Пчиња којшто е исто така е надојден во изминативе денови, а кој што меѓуграничен слив помеѓу Македонија и Србија, вели тој.
Инаку невремето кое ја зафати речиси цела Македонија, остави пустош зад себе. Во брегалничкиот регион се излеа кочанска река и ги поплави земјоделските површини, како и куќи и дворови во облешево. Нивото на водата во Калиманци, како и во реките Пчиња и Крива река се стабилизира.





