„Македонска пошта“ минатата година пуштила пригодна марка од едицијата „Македонија во ЕУ“ со мотиви од Велика Британија, иако Британците една година претходно изгласаа излегување од Унијата?!



На марката со цртеж од симболот на Лондон, „Биг Бен“, и со британското знаме во заднината, под името на државата Република Македонија напишано со латиница стои и годината 2017, а референдумот во Велика Британија се одржа на 23 јуни 2016 година.

Печатот на марката е со датум 28.12.2017.

„Нели е иронично? Да добиете писмо со марка од ‘Македонска пошта’ од едицијата ‘Македонија во ЕУ – Велика Британија’ направена во 2017“, напиша корисник на „Твитер“ над марката што ја објави.