Македонско-јапонска музичка соработка за мерак: „Македонско девојче“ во изведба на Нацоски и Котецу (ВИДЕО)

Македонскиот тенор Благој Нацоски и јапонскиот бас Казухиро Котецу привлекоа внимание на Твитер со заедничката изведба на култниот евергрин „Македонско девојче“ на бардот на македонската народна песна Јонче Христовски.



Во македонско-јапонската музичка соработка Нацоски пее, а Котецу, кој на својот канал на Јутјуб пласира сопствени интерпретации на десетици македонски љубовни и патриотски песни, го придружува на пијано: