Смеел ли Ковачевски да оди на партиски настан додека патувал со службена кола како премиер

Смеел ли Ковачевски да учествува на партиски настан додека со службена кола патувал како премиер?



Ова е прашање на кое што треба да одговорат од Државната комисија за спречување на корупција и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска која треба да следи кој од министрите ги злоупотебува државните ресурси за партиски цели.

Во нормални држави премиерот не би смеел патувајќи на владините активности да има и средба со партиски структури но во Струга во петокот се случило токму тоа.

Премиерот во Струга дошол со владино возило на Преспа Форумот но во исто време имал и партиски активности.

,,По завршување на Преспа форумот на работна средба гостин ни беше претседателот НА СДСМ, Ковачевски.

На средбата дискутиравме за актуелните политики и агендата на СДСМ”, објави СДСМ Струга по средбата.

Дека Ковачевски однапред планирал да го искористи службеното патување во Струга за да има партиски настан се гледа од најавата на СДСМ Струга од каде во средата се објавува дека се одложува преходно планираната средба со партискиот лидер и истата се презакажува за петок кога Ковачевски доаѓа со владино возило.