Се уште не се најдени возачот и двајцата сопатници од Полицијата со повеќе екипи трага по нив, а откако автомобилот удрил во друго возило и паднал во водите на Лепенец.
МВР соопшти дека е ронајден возачот на вториот автомобил кој според првичните информации учествувал во претекнувањето на патот Скопје-Блаце по што возилото „БМВ“ со косовски регистрации излета во реката Лепенец.
„Вчера околу 15.20 часот е пријавено дека на патот Скопје- ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б.(64) од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник“, велат од МВР.
По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции.






