Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли наводите дека српски војници влегле во Косово.



„Никогаш не поминале, нашите органи никогаш не ја поминале административната линија, ако ја поминат ќе бидете информирани како што му кажав на командантот на КФОР.
И ако го преминат во иднина, нема да се вратат”, рече Вучиќ, пренесе Б92.

Тој рече дека е беспредметно да се разговара со Албин Курти и дека нема да разговара со него додека не ги ослободи Србите, додека не се повлечат лажните градоначалници и полицијата.

„Нашиот народ е под жесток напад на убијци, лажговци и измамници. Добро ми е познато колку е загрозен опстанокот на нашиот народ“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека Србија во наредните денови ја очекуваат многу одлуки и дека тоа не се одлуки кои засегаат мал број луѓе. Србија ќе гледа да го зачува мирот, но нема да дозволи да бидат загрозени животите на припадниците на српскиот народ само затоа што се Срби.

Претседателот додаде дека Курти сака војна по секоја цена и дека има причина за тоа.