Герасимовски: Тажна е сликата да ги гледате реконструираните детски игралишта вандализирани

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски укажува дека има вандализирани детски игралишта. 



Вели дека некои од нив се уништени за една седмица. „Тажна е сликата да ги гледате реконструираните детски игралишта вандализирани. Некои од нив не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските игралишта и урбаната опрема се јавно добро за нашите најмили. Со нивно уништување им се ускратува правото на игра на децата но се доведуваат и во опасност. За кршење и уништување на реквизитите на детските и спортски игралишта секако следуваат парични казни. Како општина бараме поддршка од граѓаните – сите кои ќе затекнат вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот да го пријават во општината за да се најдат сторителите и изречат казни“, пишува Герасимовски. 


Тој бара казни за сторителите.