Македонската машка селекција забележа победа во првата од двете пријателски средби пред Европското првенство откако ја совлада Саудиска Арабија со 37-21. На сите уште во првото полувреме им беше јасно кој е подобар затоа што ние рано се одлепивме и до паузата направивме предност од 19-11.
Саудиска Арабија немаше сили за отпор и затоа осумте гола предност од првото полувреме беа зголемени со нови осум за вкупно 37-21 со што првата контрола беше повеќе од успешна.
Ова беше загревање за тоа што не очекува и што ќе се случува утре од 18 часот кога Македонија игра против Србија. Тоа е втора контрола во Белград, а воедно и генералка пред ЕП бидејќи до првиот дуел против Словенија на 13 јануари останува само уште една седмица.




