Во координација на локалната и централната власт на СДСМ во општината Ростуше – Маврово се случува непотизам од невидени размери додека стотици локални жители заминуваат по парче леб за Италија и Европа.
За кратко време во оваа општина СДСМ вработува син на партиски директор е вработен во МВР, сопруга на пратеник на СДСМ вработена во јавно претпријатие под контрола на истата партија и најголемиот куриозитет: прво вработување за ,,младиот партиски кадар” кој има неверојатни 61 години.
Овие информации ги објавува локалната организација на ВМРО-ДПМНЕ во општината Маврово Ростуше.
,,Илјадници наши сограѓани го напуштаат нашиот крај затоа што тука нема работа, нема услови за живот, но затоа работа има за синовите, ќерки и татковци на луѓето од власта на СДСМ.
Ветуваа живот, донесоа непотизам, приватизација и партизација на јавните институции
И затоа, НЕПОТИЗМОТ и вработување исклучиво на ПАРТИСКИ послушници е најомилен проект на СДСМ во Маврово и Ростуше”, објавува ВМРО-ДПМНЕ од каде се тврди дека во последниот месец се реализирано две непотистички вработувања и вработување на еден ”млад” партиски војник од 61 година кој за прв пат во неговиот живот конечно се вработил во Општина.
,,☢️Синот на директорот на “ЈУ Национален парк МАВРОВО” е вработен во Полиција во Гостивар како Инспектор,
☢️Сопругата на Драгољуб Даци Филипоски, Пратеникот на СДСМ од Гостивар е вработена во “ЈУ Национален парк Маврово”,
☢️Тодор Динговски член на СДСМ 61 година возраст за прв пат е вработен во Општина (на кој нај веројатно од страна на градоначалникот дадено му е усмено овластување како ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА МАВРОВСКИ РЕГИОН)”, стои во информацијата на ВМРО-ДПМНЕ вонока се зборува за амбиција за уништување на СДСМ.
,, Речиси една година одкако завршија повторените локални избори старо-новиот градоначалник не успеа да реализира ниту еден проект, освен тоа што се поднови со НОВ службен автомобил од речиси 50 000 (педесет илјади) евра!”, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Засега никој не ги демантира овие тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово – Ростуше.






