Странски експерти советуваат: Ковачевски никако да не оди на ТВ дуел со Мицкоски

Странски експерти за пропаганда го советувале Ковачевски да не оди на ТВ дуел со Мицкоски, тврдат членови на раководството на СДСМ кои велат дека премиерот лично не се плаши од телевизиско соочување но дека проценката на експертите со меѓународно искуство е дека тој не смее да прифати директен ТВ судир со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.



За дел од раководството на СДСМ избегнување на ТВ дуел на Ковачевски е штетно за партијата затоа што граѓаните ќе разберат дека премиерот бега од соочување што ќе донесе негативни поени за партијата на власт.

Но сепак во дебатата дали Ковачевски да оди на дуел со Мицкоски победиле ставовите на странските експерто кои сметале дека премиерот ќе доживее катастрофа која ќе биде неколкукратно поголема од штетата што се предизвикува со бегање од дуел.

Проценките на експертите се дека Ковачевски нема ниту резултати, ниту искуство, ниту доволно познавање на политичката комуникација за да се судри со Мицкоски а при тоа да не доживее катастрофа по својот и партискиот рејтинг.

На прашање дали оваа стратегија за бегање од дуел на Ковачевски ќе важи и за следните парламентарни избори изворите во СДСМ велат дека за тоа ќе има дополнителни консултации и дека не се исклучува Ковачевски со соодветна подготовка сепак да се соочи со Мицкоски а при тоа да не доживее дебакл.

Ковачевски: Нови лидерски средби и тв дуели се непотребно трошење на време