Николов: Македонци – моќта е во вашите раце!

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов порачува дека македонскиот идентитет не е нешто за кое може да се расправа никаде, па ниту во Собранието. Ги потсетува Македонците дека за судбината на Македонија само тие одлучуваат и дека е време да се запре со, како што вели, раскрчмувањето на нашата земја.
-Нашиот идентитет не е предмет на расправа во Собранието. Мои Македонци, МОРАМЕ да ставиме крај на раскрчмувањето на #Македонија и да ги раскинеме анти-македонските договори. МОЌТА Е ВО НАШИ РАЦЕ – напиша на социјалните мрежи македонскиот активист од Канада, Бил Николов.