„Нашата држава уште еднаш доби силна поддршка во самата Европска унија, а ние како народ потврда и уште едно признание за нашиот македонски јазик, култура и посебност.“, се вели во соопштението на СДСМ откако доцна синоќа германскиот Бундестагт усвои Резолуција од 13 точки со која и се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија и признание на македонската култура, идентитет и јазик.



Прва реакција на Резолуцијата стигна од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој вели дека е феномен премиерот на една држава (македонија), да моли друга држава да ти го потврди идентитетот и јазикот.

„Проблемот, поточно чудниот феномен е што тие се молат кај друга држава со одлука во парламентот да признае дека постојат македонскиот јазик, култура и идентитет. Не сум слушнал за друг сличен феномен на нашата планета, една држава да биде толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да моли друга земја со политичка одлука на законодавно тело да ѝ ги признае јазикот, културата и идентитетот“, вели Ковачев.

Во изјава за бугарски медиуми Ковачев препорачува:

Ковачев: Бугарија и Македонија да си помагаат како Романија и Молдавија или Грција со Кипар

Инаку, според СДСМ, Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме и почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности.

Упатуваме голема благодарност до нашиот најголем европски сојузник СР Германија за силната поддршка на евроинтеграциите и потврдата за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност.реклама

Никогаш претходно Македонија немала толку многу сојузници, толку многу партнери кои ни помагаат во остварувањето на стратешките цели.

Сега од нас зависи дали ќе ја искористиме оваа силна поддршка што ја имаме.реклама

Затоа уште еднаш ги повикуваме Мицкоски и ДПМНЕ да продолжи дијалогот, да формираат свој тим и потребните уставни измени да се донесат што побрзо, за да не ја пропуштиме оваа историска шанса за остварување на стратешките заложби.“, велат од СДСМ.