Вчера силно торнадо го погоди градот Перитон, Тексас, при што загинаа најмалку три лица, а околу педесетина беа повредени. Од локалната противпожарна служба велат дека торнадото најверојатно уништило околу 200 куќи.



Шефот на противпожарната служба на Перитон за Си-Ен-Ен изјави дека повеќето од исчезнатите лица се пронајдени и дека се уште се трага само по едно лице. Од трите жртви, двајца загинаа во центарот на градот, а третото лице во парк за приколки на североисток од градот.