Пред Собранието се случи ,,Сончева револуција” за поддршка на обвинетиот за ,,Сонцето од Кутлеш” (ВИДЕО)

Пред Собранието попладнево се случи ,,Сончева револуција” за поддршка на обвинетиот адвокат Тони Менкиноски кого власта го гони за истакнување на ,,Сонцето од Кутлеш”.



Голем број Македонци од повеќе градови од Македонија старото македонско државно знаме се одзваа на иницијативата ,,Сончева револуција” на активистката Елена Петковска која со повеќе други луѓе организираше собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски.

https://fb.watch/lb7zVjRQCy/?mibextid=Nif5oz

На собирот пред Собранието се играше и оро а на еден транспарент беше испишано: Жива е Македонија.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=573457214705827&id=100063712623860&mibextid=Nif5oz

Менкиноски е адвокат кој бесплатно ги брани Македонците од Бугарија и учествувал во најголем дел од 16 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур, кој утре ќе биде суден затоа што го истакнал знамето со ,,Сонцето од Кутлеш”.

Адвокатот е обвинет дека го прекршил јавниот ред и мир кога на Водици во Охрид на Долна Порта го истакнаа македонското етничко знаме кое до 1994 година беше знаме на Република Македонија.

Менкиноски има уште една пријава од МВР по налог на кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за истакнување на ,,Сонцето од Кутлеш” во знак на поддршка за осудените за 27 Април.

Менкиноски смета дека никој не може да го спречи Македонците да го развејат Сонцето од Кутлеш затоа што тоа е дел од нашиот идентитет.

https://fb.watch/lb7cx_5_M5/?mibextid=Nif5oz

Видеата од денешната ,,Сончева револуција” на овие линкови на expres.mk:

https://fb.watch/lb7zVjRQCy/?mibextid=Nif5oz

https://fb.watch/lb7cx_5_M5/?mibextid=Nif5oz

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=573457214705827&id=100063712623860&mibextid=Nif5oz