
Тројцата косовски специјалци кои вчера српските власти ги уапсија во централна Србија велат дека береле печурки.
„Не ни работи ГПС, беревме печурки…А на дурбин и двоглед не умееме да гледаме“, ваквото оправдување на специјалците денеска го објасни српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вели дека Белград е подготвен да ги понуди сите снимки и докази од кои би било јасно дека тројцата косовски полицајци се уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а не на територијата на Косово. Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека е целосно фокусиран на ослободувањето на косовските специјалци. Косово тврдеше дека српските власти ги киднапирале полицајците, а сега бараат Србија да ги врати назад. ЕУ подготви санкции за Косово, затоа што не го почитува договореното со Србија, односно не формираше Заедница на српски општини.





