Османи и владата добија барање да не глумат лажни патриоти и дипломати.
Барањето го испорачува новинарот Бранко Героски кој е испровоциран од изјавата на Бујар Османи кој тврди дека Бугарија нема да можела да ни поставува нови услови.
Каков глупав спин!
И според Преговарачката рамка, владата на СДСМ и на ДУИ преговара за сите прашања што Бугарија ѝ ги наметнува на Македонија од времето на Тодор Живков до денес.
Нема прашање за кое не се преговара. За тоа постои и таа т.н. Историска комисија, се водеа и допрва ќе се водат билатерални преговори меѓу владите во Скопје и Софија, се ветуваа проекти, дури и заживеа и една блесава авионска линија наспроти економската логика….
Какви услови уште треба да ни наметне Бугарија? А јунакот Бујар тоа ќе го спречел?
Дајте бре не глумете патриоти и големи дипломати.
Не сте ни едното ни другото!”, пишува Героски за изјавата на Османи кој ги презентира позициите на владата.
Завчера на брифинг со новинари со сличен став и премиерот Ковачевски кој рекол дека Макеоднија треба да го смени уставот ама ако Бугарија блокира ќе се прекинеле преговорите.






