Во септември избори во анектираните територии во Украина

Руската Централна изборна комисија објави дека на 10 септември ќе се гласа за гувернерите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, објавија државните медиуми.



Регионите не се целосно окупирани, а Запорожје и Доњецк се двете централни точки на украинската контраофанзива.

И покрај тоа, шефицата на изборниот штаб, Ела Памфилова за ТАСС изјави дека руското Министерство за одбрана и Федералната служба за безбедност сметаат дека е можно гласањето да се одржи во септември.

Минатиот септември Русија одржа, како што ги нарече, референдуми на окупираните територии на Украина, кои Киев и Западот ги осудија како нелегални и принудни.