ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа дикатати по ниту една цена

Без членство во ЕУ и заштитен идентитет нема да поминат ни уставни измени, порачуваат од најголемата опозициска партија.



ВМРО-ДПМНЕ даде два предлога, и двата предлога опфаќаат членство во ЕУ и заштитен идентитет, а СДСм една недела молчи и не кажува кој предлог го прифаќа, посочуваат од партијата.

„СДС може да заборави на уставни измени по бугарски диктат, такви уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да поддржи.

Од партијата порачув аат дека СДСМ не треба да ја пропушти историската шанса која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ за национално единство.

СДС да кажат кој предлог го прифаќаат, во спротивно нека ги стават на гласање уставните измени, па да видиме како ќе поминат. Знаат дека немаат 2/3 и затоа растураат пердуви“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.