Вчера во бугарското Министерство за надворешни работи се одржала средба со македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Попоска.



Бугарската страна изразила загриженост во врска со нападот на Бекир Кадриески, кој е копретседател на здружението на Бугари „Шемето“ во Струга, што се случи пред два дена и ја истакнала потребата македонските власти да преземат брза акција за ефикасна истрага и расветлување во случајот.

Спасовски лаже дека е приведен напаѓачот на Кадриески, обвинителството гневно на министерот за внатрешни работи

Некои бугарски структури повтoрно сакаат да ги кренат тензиите покажува и најавата за протест под паролата „Правда за Бекир Кадриески“ кој треба да се одржи во сабота во Софија – пренесе Алфа ТВ.

Организаторите велат дека сакаат да дадат поддршка за самоосвестениот Бугарин од Македонија, кој е претседател на бугарскиот културен клуб „Шемето“. Протестот ќе се одржи пред културниот центар на Македонија во главниот град на Бугарија.

Бекир Кадриески, пак, за НОВА изјавил дека по нападот не може да живее во РМ и ќе се пресели во Бугарија.

Напаѓачот според информациите од Струга е етнички Албанец.

Од бугарското МНР пак, не одговориле дали и овој “Бугарин” ќе има ист третман како Пендиков кој доби бугарско државјанство, стан, обезбедување и се запиша на факултет во Бугарија, додека во Македонија против него се води активна кривична постапка за, народски кажано, дилање на дрога.