Мицкоски нема проблем со политичко самоубиство ако е тоа услов за македонско национално единство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговара на прашање дали СДСМ со понуда да влезе во владата се обидува да го наведе на политичко самоубиство.



Во интервју за емисијата За или против на Алфа ТВ Мицкоски вели дека нема проблем со политичко самоубиство ако знае дека тоа ќе доведе до македонско национално единство и подобар живот на Македонците и сите други граѓани.

Мицкоски вели дека нема проблем да ја напушти политиката затоа што направил доволно за овие пет години на чело на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што не е фрустриран лично.

Ако неговото заминување од политиката донесе подобри услови за Македонија Мицкоски нема проблем да замине од позицијата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за Алфа ТВ.

,,Немам проблем да заминам ако знам дека тоа што му го нудат на македонскиот народ е сигурна европска иднина но не и кога гледам дека некој манипулира и лаже”, вели Мицкоски.

Нема со ВМРО-ДПМНЕ играње како што тоа го прават со СДСМ затоа што зад ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 пратеник и стотици илјади граѓани поддршка, вели Мицкоски.