Трифонов бара вето за Македонија бидејќи „бил истепан Северномакедонец со бугарска самосвест“

Веднаш да се врати ветото за прием на Македонија во ЕУ, бара лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов, коментирајќи го вчерашниот инцидент кој се случи во Струга. 



„Додека во Бугарија срамно политичко мнозинство и срамна политичка влада се обидуваат да функционираат, во Северна Македонија друг Бугарин беше претепан. Ќе кажам „Северномакедонец со бугарска самосвест“, но самото излагање на овие зборови ме прават да се згрозам, се срамам. Интересно е што партиите кои го сочинуваат срамното политичко мнозинство во моментов во Бугарија заедно гласаа да се откажат од ветото за членството на Северна Македонија во Европската Унија. Очигледно тогаш се роди нивното политичко единство. А тие се виновни што моментално во Северна Македонија палат, демолираат и тепаат Бугари, а оваа работа нема да престане со декларации во парламентот, политички муабети и меѓусебни обвинувања“, истакна Трифонов.

Жител на струшкото село Велешта вчера истепал жител на Лабуништа, кој пак бил претседател на бугарското здружение „Шемето“. Бугарските медиуми пренесоа дека човекот добил навреди дека е „валкан Бугарин“.