Во сабота протест во Софија за поддршка на Бекир Кадриевски

Дека некои бугарски структури повтoрно сакаат да ги кренат тензиите покажува и најавата за протест под паролата „Правда за Бекир Кадриески“ кој треба да се одржи во сабота во Софија – пренесе Алфа ТВ.



Организаторите велат дека сакаат да дадат поддршка за самоосвестениот Бугарин од Македонија, кој е претседател на бугарскиот културен клуб „Шемето“. Протестот ќе се одржи пред културниот центар на Македонија во главниот град на Бугарија. Како што пишуваат организаторите станува збор за непартиски настан и забранети се секакви партиски симболи, знамиња и друго работа, порачуваат дека каузата била општо бугарска.