За кого снимаат камерите и од кои прашања избега Ковачевски (ВИДЕО)

Премиерот Ковачевски денеска беше во посета на фирма на која владата преку Фондот за иновации и дала финансиска помош и од таму и се обрати на јавноста.



Но Ковачевски во обраќањето не им се обраќа на новинари туку на сниматели и фотографи кој не работат за медиуми туку за владата.

Се разбира освен изјавата што ја чита Ковачевски нема и прашања од новинарите затоа што тие воопшто не се повикани на настанот.

Ковачевски кој за себе тврди дека е транспарентен и секогаш одговара на прашања на новинарот денеска решил да избега од нив, најверојатно затоа што треба да одговори на повеќе прашања на кои не може да даде логичен и нормален одговор.

На објавените фотографии од владата се гледа дека премиерот го снимаат две камери а на видеото на Јутјуб се слушааат звуци од сликање на фотоапарат но камерите и фотоапаратите не се на медиумите туку на владата.

На едно од видеата владата го исклучила звукот што може да значи дека премиерот зборел нешто што не е прифатливо за јавноста