д-р Беќаровски: „Во Скопје имаме милијарди комарци и градоначалничка“

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи реагира за големиот број на комарци во Скопје. Беќаровски е познат по тоа што на често критикува и дава коментари за голем број јавни проблеми и прашања, тој сега се пошегува со ситуацијата со комарците во Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.



Драги скопјани! Научниците пресметале дека каснување од 1.200.000 комарци оддеднаш, може да ви ја исцицаат целата крв. Во пракса доволна е само една жена. Во Скопје имаме и милијарди комарци и градоначалничка, затоа господа скопјани бидете внимателни. Јас проблемот го решив. Избегав во Охрид!“, се пошегува д-р Беќаровски.