Трансродова манекенка и активистка се најде на удар на критики откако го спушти фустанот и ги покажа градите во Белата куќа откако се ракуваше со американскиот претседател Џо Бајден.
Роуз Монтоја (27), која беше на долгата листа на гости поканети да ја прослават Прајд, е снимена како го спушта фустанот и ги покажува градите пред балконот на Труман.



„Дали сме топлес во Белата куќа? ја прашува тој што снима.

Манекенката родена во Ајдахо претходно имаше можност да се сретне со претседателот и прва дама Џозеф и Џил Бајден.

„Чест е господине претседателе! Транс правата се човекови права“, му рече Монтоја на американскиот лидер додека се ракуваа.

Таа одговори на бројните критики дека топлесот не е нелегален во Вашингтон.

„Легално е да се оди топлес во Вашингтон. Целосно го поддржувам движењето за ослободување на брадавиците. Зошто моите гради сега се сметаат за несоодветни или незаконски да ги покажам? Не беше нелегално и несоодветно кога бев маж. Тоа што го правам само го потврдува тоа дека јас сум жена“, одговори таа на критиките.

Монтоја рече дека намерно ги покрила брадавиците бидејќи имала „нула намера“ да биде вулгарна.

Законот, инаку, предвидува дека се смета за „јавна голотија“ доколку брадавиците на жената се гледаат без да бидат покриени.

Видео на следнииот ЛИНК : https://www.instagram.com/p/CtZjNRqpmGk/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again