Глобалното македонско движење „Ние сме Македонија“ од САД изрази поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, кому ќе му се суди за македонското знаме со Сонцето од Кутлеш истакнато во Охрид, како и за протестите поради прогонот на застапникот на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.
„Шеста година со ред, We Are Macedonia – Ние Сме Македонија ја води кампањата #МакедонскоЛето со цел да се охрабрат сите Македонци во и надвор од Македонија гордо да го веат нашето македонско национално знаме. Во овие 6 години добивме МНООООГУ ваши фотографии и нив постојано ги објавуваме. Кампањата ќе трае сè додека секоја куќа, секој објект, секоја уличка во Македонија е закитена со македонското сонце. Ги поддржуваме Сончева Револуција и нивната мисија, која ја делиме и ние.
Особена поддршка изразуваме за престојните протести за поддршка на Тони Менкиноски и сите останати под прогон на оваа власт за употреба на нашето македонско национално знаме.
Денес го гонат Тони, утре може да нè гонат нас. А само заедно можеме да им покажеме дека сме многу посилни од нив и ништо нема да нè запре да продолжиме гордо да го вееме нашето сонце.
Протестите ќе се одржат:
15 Јуни во 18 ч пред Собрание на Република Македонија
16 Јуни во 09 ч пред Охридскиот суд
За повеќе информации, изгледајте го интервјуто на Elena Petkovska и Тони Менкиноски:
https://youtu.be/Mn6FDIlI_Fg“, стои во реакцијата на движењето со седиште во САД, кое во 2018 година организираше над 40 протести низ светот против промената на името на македонската држава и за заштита на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик.






