Стефан Богоев нов директор на Царина

По денешната владина седница, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев е именуван за нов директор на Царинската управа.



Тој на оваа функција ја наследува Славица Кутиров, која најпрво беше в.д. директорка поставена 2021 година, па реизбрана во февруари 2022 година. Таа беше прва директорка која доаѓа од редот на вработените во институцијата.

Сега, раководењето го презема Богоев. Во неговата биографија стои дека беше пратеник од СДСМ, а потоа и градоначалник на Карпош. Тој е дипломиран економист на универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје.