Промовирано делото ,,што од далеку мириса на Македонија”

Вчера во музејот на револуционерната борба на Македонија се промовира најновото издание на лингвистката, македонистка и ономастичар професорката од Институтот за македонски јазик, Елка Јачева Улчар.



Станува збор за нејзиното најново дело „Презимето кај Македонците“ во издание на „Менора“.

,,Прекрасна промоција на книгата “Презимето кај Македонците” од мојата драга и секогаш своја и инспиративна пријателка, колешка и соборец за македонските работи проф. д-р Elka Jaceva-Ulcar. Книга која “од далеку мириса на Македонија”, “новото чедо на Македонија”, книга која ќе влезе во антологијата на македонската ономастика. Дополнето со прекрасната изведба на трите композиции на, исто така, мојата прекрасна и најмила пријателка, колешка и соборка проф. Darija Andovska, избраната публика дишеше со македонството, за нашата Македонија.
Честитки и нека се множат убави дела!
Убава е културата, вдахнува македонската наука и уметност, бидејќи тоа е нашиот македонски идентитет”, напиша за книгата етномузикологот Велика Стојкова Серафимовска.

Промотори на ова капитално дело беа Игор Радев, Александра Чиварзина и Катерина Тодороска.

Во музичкиот дел на промоцијата настапија Иван Наумовски – бас баритон, во пијано придружба на Елена Атанасовска-Ивановска, со композициите на Дарија Андовска, испирирани од 3 македонски песни. Модератор на настанот беше Татјана Алексиќ.