Доналд Трамп пристигна во Мајами на судење по прво федерално обвинение против поранешен американски претседател.
Во Мајами пристигна вчера попладне, еден ден пред денешнопто прво појавување на суд за да се соочи со федералните обвиненија дека намерно задржал голем број документи кои содржеле некои од најчувствителните воени тајни на нацијата.
Пред федералниот суд во Мајами во сојузната американска држава Флорида, се очекува 76-годишниот Републиканец да се изјасни дека е невин. Минатата недела против него беше подигнато обвинение од 37 точки.
Појавувањето пред судот би можело да биде кусо, изјавија за NBC News извори запознаени со ова прашање. Во тој случај, Трамп би се појавил пред судот, но неговото изјаснување и жалба може да се одложат.
Во Мајами, од вчера во тек се подготовки за какви било протести или контрапротести пред судот каде треба да се појави Трамп
Имаше повици од некои републикански пратеници кои ги повикуваа луѓето да се соберат во Мајами. Но, од понеделникот вечерта, ФБИ не идентификуваше можна опасност за јавноста.
Градоначалникот на Мајами, Френсис Суарез, рече дека градот и државата преземаат унифициран пристап за да се спречлат инциденти.
Шефот на полицијата во Мајами, Мани Моралес, за новинарите изјави дека неговите полицајци носат доволно ресурси за „да се справат со толпа од 5.000 до 50.000 луѓе“. Тој рече дека не очекува никакви проблеми.
Се очекува Трамп да се врати во Њу Џерси во вторник попладне за неговиот 76 роденден.







