СДСМ интензивно го моли ВМРО-ДПМНЕ да учествува во уставните измени

Иако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски најави дека без излегување на ДУИ од владата и уставните измени да важат по влезот во ЕУ нема соработка СДСМ продолжува со јавните молби кон ВМРО-ДПМНЕ од која се бара да номинира тим за учество во работна група за уставните измени.



За само два дена СДСМ објавува десетина апели со кои практично го моли ВМРО-ДПМНЕ да разговара за уставните измени.

,,Државата има историска шанса и силна поддршка од стратешките партнери ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат.

Добро е што се воспостави дијалог и што Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифаќа учество во заедничка Влада.

Сега дијалогот треба да продолжи, ДПМНЕ да ја прифати подадената рака.

СДСМ веќе предложи работна група од највисоки партиски претставници.

Сега, на ред е ДПМНЕ да номинира работна група и да продолжи дијалогот за уставните измени.

Се работи за носење одлука од која зависи остварувањето на уште една стратешка цел на државата, членство во ЕУ”, стои во едно од соопштенијата во кои СДСМ ја моли ВМРО-ДПМНЕ да разговара.