22 американски војници се повредени во хеликоптерска „несреќа“ во североисточна Сирија, јавува Ројтерс.
Според американската Централна команда, десет војници биле пренесени во медицински установи надвор од областа на одговорноста на Централната команда.
Инцидентот се случил во неделата. Причините се под истрага. Не е забележан непријателски оган, соопшти американската Централна команда, која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток.
Во март, 23 американски војници во Сирија претрпеа сериозни повреди во два напади од милитантите поддржани од Иран, но случајот беше пријавен во април.






