Два пати стана градоначалник со помош на ВМРО-ДПМНЕ, сега вели дека не го сакаат

Таравари наслушнал дека ВМРО-ДПМНЕ не ја посакува неговата Алијанса за Албанците во влада, во врска со барањето на опозициската партија ДУИ, и наводно албанските партии да ја напуштат владата.



Во Македонија никогаш немало Влада без Албанци и повторно не може да има Влада без Албанци

Барем така слушнал.

„Јавно засега никој не побарал. Но, слушаме од различни колуари дека Алијанса за Албанците ѝ пречи на ВМРО-ДПМНЕ. Не велам со сигурност дека е така“, вели граодначалникот на Гостивар и лидер на Алајанса за Албанците Арбен Таравари, пренесе Алсат.

Од ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваат Таравари:

„Таравари двапати беше избран за градоначалник на Гостивар благодарение на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој сега мора да покаже на која партија е претседател: На Алијанса споена со ДУИ или на Алијанса поддржана од ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.