До пред неколку години со помалку пари се живееше подобро, сега живеачката станува се полоша – има ли надеж?!

Со помала плата граѓаните подобро живееа. Покачувањата со ко се фали власта ги изеде инфлацијата. Цените за четири години скокнаа енормно. Ако во 2019 година масло за јадење се продаваше и за 50 денари, сега не може да се најде за помалку од 70 денари, кашкавалот на пример можеше да се купи за 250 денари за килограм, сега чини и до 480 денари во различни маркети, анализира Алфа. Ако табла 30 јајца за Велигден во 2019 чинеа 160 денари, сега 10 јајца чинат најмалку 100 денари. Порано немаше, ама некако се крпеше, сега е ужасно коментираат граѓаните.



Ако во 2019 година биле потребни 33.086 денари да се задоволат потребите на едно четиричлено семејство, а просечната плата била 25.270 денари, сега потребни се речиси 50.000 денари , а просечната плата стигна 34.925 денари. Што значи дека ако сега заработувате просечна плата, ќе ви недостигаат уште 14 100 денари, а во 2019 недостигале 7.816 денари. Според јавно достапните податоци пред пандемијата, па и во екот на пандемијата помалку пари биле потребни за да се задоволат дел од основните потреби. Најмногу пари граѓаните трошат за  храна и пијалаци. Во мај годинава потребни биле 19.532 денари, а во мај 2019 13.979 денари.

Освен високите цени и високите сметки кои ги плаќаат граѓаните, најверојатно  нов удар ќе имаме од први јули кога треба да стартува новата цена на струјата. Со оглед на тоа дека се враќа ДДВ-то на 18 отсто од досегашните 10 сметките  ќе се посолени барем за 8 проценти, ако не се најде друг механизам да се ублажи ова. Премиерот Ковачевски уверува дека нема да се дозволи ценовен шок за граѓаните и дека Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата. Се уште се чекаат финалните пресметки од ЕСМ од што и најмногу ќе зависи истата, по што РКЕ ќе ја соопшти новата цена на струјата.