За време на почеток на работи на проект во Богданци премиерот Ковачевски не успеа да ја исконтролира својата нервоза од поставените прашања и влезе во навредливи дебати и расправии со новинари на македонски медиуми кои ја следеа прес конференцијата.
На три прашања поставени од новинарите Ковачевски одговараше со контра прашање и се обиде да ги искара дописниците дека ваделе погрешни заклучоци за претходни прес конференции и изјави.
Премиерот на дописниците на Сител и Телма почна да им објаснува дека нивните колеги од редакциите биле на настани на кои требало да им биде се јасно и убедуваше дека на пресот по лидерската средба со Мицкоски имало само еден заклучок.
На еден од медиумите цинично му кажа дека иако негови колеги биле на прес конференција за Бехтел и Енка можел да организира посебен брифинг.
Понижувачкото однесување на Ковачевски кон новинарите во последните десет минути од видеото





