Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони почина на 87-годишна возраст во Милано, објавија италијанските медиуми.



Берлускони почина во болницата „Сан Рафаеле“ , а во изминатите неколку години неколку пати беше хоспитализиран, објавија медиумите.

Во април тој беше лекуван од инфекција на црниот дроб предизвикана од леукемија.

Во јануари 2022 година се лекуваше од сериозна инфекција на уринарниот тракт, а во септември 2020 година беше под лекарски надзор поради пневмонија предизвикана од коронавирусот.