Во автобуска несреќа загинаа 10 лица во австралискиот вински регион Хантер, северно од Сиднеј, соопшти во понеделникот полицијата и објави дека е уапсен 58-годишниот возач.
Автобусот ревезувал гости од свадба во локална винарија, соопшти АФП.
Бројот на жртвите сепак може да расте. 25 патници се префрлени во болница – од кои двајца се префрлени од несреќата со хеликоптер, изјави вршителот на должноста помошник комесар Трејси Чепмен.
Таа рече дека автобусот сè уште не бил исправен бидејќи мртвите сè уште се внатре, оставајќи ја можноста други луѓе да се заробени под него.
Возачот на автобусот бил подложен на задолжителни тестови во болница пред да биде приведен во полициска станица и одреден му е притвор, изјави полицаец за новинарите на местото на настанот.
Во несреќата не учествувало друго возило.






