Македонската репрезентација оствари одлични резултати на Европското Првенство во ХипХоп и Брејкденс кое се одржуваше во СЦ Борис Трајковски од 6ти до 10ти јуни 2023.

На првенството настапија 2700 натпреварувачи од 24 земји , Македонија беше 3та по бројност со над 250 натпреварувачи. Беше вистинско задоволство да се биде организатор на ваков еминентен настан. Нашите гости од Европа беа импресионирани од нивото на организација , особено од сцената која изгледаше светски. Треба да пројде време да ги сумираме впечатоците но навистина сме пресреќни што видовме толку позитивна енергија на танцовиот подиум и на преполните трибини – изјави Трајче Петковски, еден од организаторите на првенството.


Од одличните резултати ги издвојуваме: – 3то место ХипХоп Формации деца (Брејк А Лег) – 3то место ХипХоп групи возрасни (Аква Денс) – 5то место Мила Србиноска – 9то место ХипХоп формација возрасни (Брејк А Лег) – 11то место ХипХоп група јуниори (Брејк А Лег) – Топ 10 Пласман (Танц студио Еурека)




