Уште една земја на пат кон БРИКС

Претседателот на Хондурас Ксиомара Кастро поднесе официјално барање за влез на земјата во новата развојна Банка на БРИКС, соопшти владата на таа земја.



„Претседателката Сиомара Кастро се сретна во Шангај со шефицата на Банката за нов развој на БРИКС, Дилма Русеф, која официјално го доби барањето на Хондурас да се приклучи на организацијата“, се вели во соопштението на Твитер.

Како што е прецизирано, во наредните денови ќе биде формирана владина техничка комисија, која ќе го започне процесот на пристапување.