Два дена по ред регистрирано е загадување на воздухот над дозволеното ниво во повеќе места низ Македонија.



Високи концентрации на честички ПМ 10 и ПМ 2,5 сепак најмногу се регистрирани на мерните места во Скопје, како и во Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци.

За денес се очекува променливо облачно но на некои места и врнежливо време што делумно може позитивно да делува на квалитетот на воздухот.

Каква е состојбата најдобро покаува веб-страницата за Квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање.