По соопштението на Јавното обвинителство за гонење криминал и корупција, дека не постои сомнеж дека поранешниот директор Арафат Муареми во времето кога раководел со Финансиската полиција сторил кривично дело, екс директорот најави приватна тужба пред Граѓанскиот суд против обвинителката Вилма Русковска/
ТВ21 побара став од обвинителката Вилма Рускоска која со месеци беше убедена во обвиненијата против Муареми.
„Стојам зад тоа што го кажав, нема да коментирам одлуки на Обвинителството ниту на Судот“, порача Вилма Рускоска.
Од друга страна, поранешниот директор Арафат Муареми по одлуката на Обвинителството рече дека нападот врз него бил само за нечии лични цели и интереси, додека пак повтори дека за време на неговото раководење немало незаконско работење во Финансиската полиција.
„…Од моја страна, злоупотребите на Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај“, вели Арафат Муареми.







