Според предлогот на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ако ВМРО-ДПМНЕ прифати да влезе во владата, поделбата на министерските ресори би била целосно диспаритетна на штета на македонските партии.
Според пресметката коалиците на ВМРО-ДПМНЕ (44) и на СДСМ (40) плус БЕСА и Алтернатива (5) би имале 89 пратеници и би контролирале 10 министрства.
Од друга страна ДУИ (15) и Алијанса (8) со само 23 пратеници би имале 9 министри кои ги имаат сите финансиски ресори во владата.
Планот на Ковачевски предвидува три пати помалку пратеници да имаат номинално речиси иста моќ во владата а реално да ги контролираат сите најмоќни министерства како финансии.





